Најдобрата македонска платформа за деца од рана школска возраст

Огромна библиотека на забавни и едукативни содржини, во мултимедијален и интерактивен формат, соодветни за деца од шест до дванаесетгодишна возраст.

Хоризонт – Македонска дигитална платформа за деца

Совладување на наставната програма, со помош на мултимедијални, интерактивни вежби. Огромен број на интересни математички предизвици, прилагодени за возраста. Овозможете му на вашето дете да напредува во свое темпо, стекнувајќи знаење и самодоверба.

Интерактивен мултимедијален курс по математика - Хоризонт

Интерактивен мултимедијален курс по математика

Првото фитнес катче за деца во Македонија. Возбудливи епизоди кои ги опфаќаат сите мускулни групи, овозможувајќи им на децата да работат на флексибилност, рамнотежа, координација, брзини и сила. На овој начин се раѓа и љубовта кон спортот.

Вашето дете ќе има целосен пристап до сите епизоди на Фитнес Час, каде ќе практикува стотици различни движења кои нудат возбудливи предизвици, многу забава и смеа. Секоја епизода има засебен фокус и времетраење од околу 20 минути, а инструкторот ги води децата низ целиот процес.

Првото фитнес катче за деца во Македонија - Хоризонт

Фитнес Час

Збирка од 500 колекционерски карти кои се поврзани со кратки приказни и интерактивно истражување на фиктивната галаксија Аривега. Извонредна игра која претставува дел од обемен наратив, раскажан низ епска сага каде што детето се движи автономно, зајакнувајќи ја својата мотивација и љубов кон пишаниот збор. Овозможете му на Вашето дете да ги собира ликовите од Аривега, да се разменува со другарчињата, и да ја подигне својата колекција во форма на шпил карти. Време е забавата за започне!

Дигитални колекционерски карти за размена и игра - Хоризонт

Дигитални колекционерски карти за размена и игра

Епска вселенска сага која ги прати ликовите од картите низ бројни предизвици во фиктивната галаксија Аривега. Збирка од кратки приказни која изобилува со тематики како што се храброст, посветеност, и пријателство, во сврзан наратив кој е преполн со мистерија и авантура.

Движејќи се низ интерактивната мапа на галаксијата, како и мрежата на информации, ликови и приказни која ја создадовме, децата ќе ја зајакнат својата автономија и внатрешна мотивација, развивајќи уште поголема љубов кон пишаниот збор.

Епска вселенска сага Аривега - Хоризонт

Аривега

Курс по пијано за деца

piano notes Интерактивен мултимедијален курс по математика - Хоризонт

Обемен мултимедијален курс по пијано, кој ги води децата од самите почетоци до понапредни музички концепти и технички вештини. Овозможете му на Вашето дете да се запознае со основите на музиката, и да почне да музицира под менторство на еден од најдобрите концертни пијанисти во Европа, нашиот еминентен уметник, композитор, и универзитетски професор, Дино Имери.

Интерактивен мултимедијален курс по математика - Хоризонт

Децата ги чекаат долги часови учење и забава, осознавање на комплексниот свет на пијаното, и дружба со делата од класичната музика. Програмата изобилува со методички вежби, бројни техники на свирење и музичка интерпретација, пружајќи му на Вашето дете извонреден почеток на неговото музичко образование.

Тали - верен дигитален тутор со кој учењето станува игра

Тали - верен дигитален тутор со кој учењето станува игра

Запознајте го Тали – пријателски водич кој ќе му помогне на Вашето дете полесно и посамоуверено да напредува низ наставната програма. Секогаш трпелив и љубопитен, Тали не само што подучува, туку и ја разгорува желбата за знаење, поттикнувајќи го детето да мисли со своја глава.

Создаден врз еден од најнапредните модели за вештачка интелигенција, и дополнително прилагоден од тимот на Хоризонт, Тали ги следи проверените дидактички практики – наместо готови одговори, му помага на детето да го совлада материјалот. Со Тали, учењето станува вистинска авантура, а тој е секогаш тука да помогне. Имајте пристап до извонреден дигитален тутор, вклучен во цената за претплата.

Рецензија за Хоризонт - Борис П.

Борис П.

Сметам дека содржините се од суштинско значење за правилен развој на мојот постар син, а особено ми се допаѓа длабочината на фиктивната галаксија Аривега, со сите приказни и ликови. Ова е најдобар начин да се пренасочи вниманието од сурфање по видео платформи, кон нешто навистина продуктивно и корисно.

Рецензија за Хоризонт - Борис П.
Рецензија за Хоризонт - Ирена Г.

Ирена Г.

Задоволството да се истражува платформата беше навистина огромно. Како родител на 6 годишно радознало момче, сметам дека содржината нуди многу интересни активности, соодветни за негова возраст. Мене посебно ми се допадна што има можност за ментално и физичко јакнење на детската индивидуа, а син ми особено се израдува на игрите. Препорачувам да ја пробате.

Рецензија за Хоризонт - Ирена Г.
Рецензија за Хоризонт - Никола М.

Никола М.

Опциите и содржините се стварно супер. Изгледа доста добро средено, со многу труд и сериозен пристап. Реткост е да видам нешто на интернетов за деца, а да биде без реклами. Ќерка ми го прифати од прва, и минуваме квалитетно време заедно, иако реално нема потреба од надзор.

Рецензија за Хоризонт - Никола М.

Шахот е одличен за развој на стратешко размислување, како и подобрување на бројни умствени капацитети. Овој интерактивен курс нуди повеќе степени со различно ниво на тежина, како и стотици позиции, вежби, и обемен видео материјал.

Преку видео лекции, текстуални содржини, и активни вежби, ги водиме децата од самите почетоци, па се до напредни концепти во играта. Целта е тие активно да учествувааат низ целиот процес.

Интерактивен курс за шах - Хоризонт

Обемен интерактивен курс за шах

Неколкуминутни вежби за секој ден од неделата, преку кои Вашето дете ќе развие и зајакне бројни умствени капацитети. Вежбите се наменети за подобрување на вниманието, концентрацијата, и способноста да се биде присутен во сегашниот момент. Навистина одлични вежби за стекнување на здрави навики, особено во свет исполнет со дистракции и недостаток на внимание.

Аудио медитација за деца - Хоризонт

Аудио медитација за деца

Хоризонт е патформа за едукација, забава и игра. Затоа вклучивме и неколку интересни видео наслови со кои децата навистина ќе уживаат. Игрите се внимателно одбрани, а преку нивната механика ги запознаваат децата со различни жанрови, нудејќи бројни умствени предизвици.

Интересни видео игри - Хоризонт

Интересни видео игри

Интерактивен мултимедијален курс

Достапна на секој уред

Десктоп, лаптоп, смарт телевизор, таблет или пак смартфон – платформата Хоризонт е достапна на секој уред и во секое време!

Интерактивен мултимедијален курс

Плати еднаш, без скриени трошоци

Без разлика дали ќе се одлучите за месечна или пак годишна претплата, не постојат никакви останати трошоци. Сите содржини на кои и понатаму работиме, а кои ќе бидат достапни на платформата во иднина, ќе ги добиете како дел од Вашата тековна претплата, без да одвоите дополнителен денар!

Интерактивен мултимедијален курс

Можност да се откаже во секое време

Лесно и едноставно откажување на претплатата, со само еден клик. Доколку од било која причина се одлучите да се разделиме, тоа е крајот на дружбата. Без никакви обврски!

Интерактивен мултимедијален курс

Корисничка поддршка

Одличен тим на професионалци кои ќе одговорат на секој технички предизвик, и ќе Ве водат до решение на било каков проблем.

Една месечна претплата за НЕОГРАНИЧЕН пристап до СИТЕ содржини -
дури и они кои допрва следат!

Пружете им го на своите најмили најголемото дигитално детско катче - обемна платформа преполна со едукативни и забавни содржини кои постојано ги надополнуваме! Ајде заедно да го подобриме времето минато пред екраните, за нашите деца да учат, да стекнат бројни вештини, и правилно да се развиваат.

Една месечна претплата за НЕОГРАНИЧЕН пристап - Хоризонт

Единствено место каде што децата можат да ги собираат картите од Аривега

Единствено место каде што децата можат да ги собираат картите од Аривега - Хоризонт

Најголемата игра со карти некогаш направена на македонски. Најдобар начин да се развие интересот за колекционерство, размена и стратештво.

Децата ќе добиваат карти секоја недела, директно во нивната колекција, а ќе се разменуваат на самата платформа, пред да го подигнат својот шпил.

Интерактивно поврзани со фиктивната галаксија Аривега, која изобилува со интересни приказни, овие ликови ќе ја разгорат љубовта кон пишаниот збор.

Единствено место каде што децата можат да ги собираат картите од Аривега - Хоризонт
Промотивна цена

450 ден.

Месечна претплата

300 ден. месечно

Зачлени се
  • Неограничен пристап до сите содржини на платформата
  • 5 дигитални карти неделно
  • Вклучен пристап до сите нови содржини
  • Корисничка подршка
  • Можност да се откаже претплатата во секое време
    По откажувањето, вашето дете ќе продолжи да има пристап до сите содржини, се до истекот на месецот за кој веќе сте платиле. Откажувањето може да се направи во секое време 24/7, без никакви пенали, директно преку самата платформа или мејл.
Три месеци гратис

3600 ден.

Годишна претплата

2700 ден. годишно!

Зачлени се
  • Сите придобивки од месечната претплата
  • Вклучени три месеци гратис
  • Гаранција за враќање на парите во рок од триесет дена
    За да ја искористите оваа опција потребно е да ја откажете претплатата пред истекот на 30-иот ден. Истата важи само за годишниот претплатнички пакет.

Доколку неможете да си дозволите претплата, контактирајте нѐ за потенцијална субвенционирана претплата.

Следи нè на Facebook
arno rise

Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026

Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330