Полисата за враќање средства

Повратот односно враќањето на Вашите уплатени средства е возможен само при одредени околности. Истите се наведени во продолжение:

Поврат на средствата уплатени за годишен претплатнички пакет

Годишниот претплатнички пакет, покрај поволноста во однос на заштеда, исто така нуди и можност за поврат на уплатените средтсва, единствено доколку го ја откажете претплатата во рамките на пробниот период од 30 (триесет) дена.

Откажувањето можете да го направите преку логирање на Вашиот кориснички профил, внатре во самата платформа, и притискање на полето “откажи претплата”. Откако ќе изразите согласност со поставените прашања кои следат, и ќе ја потврдите Вашата намера за откажување на претплатата, Вашиот кориснички профил ќе престане да биде активен по завршетокот на 30тиот ден, а во меѓувреме ќе покренеме постапка за повраток на средствата кои што сте ги уплатиле за годишниот пакет кој го откажувате. Истите ќе ви бидат вратени во рок од неколку работни дена, во зависност од политиките на банката и сервисот за наплата со кои соработуваме (Стопанска Банка АД скопје, и Касис), а за било какви прашања и поплаки можете да не контактирате.

Откажувањето на претплатата исто така може да се направи и преку испраќање на писмено барање во електронска форма.

Ваквиот начин за враќање на средствата е овозможен само и единствено доколку сте претплатник на годишен претплатнички пакет.

Поврат на средствата поради промена на содржини

Хоризонт го задржува правото да ги измени, отстрани и дополни содржините и функционалностите на платформата, без никаква претходна најава, и во било кое време.

Доколку не се согласувате со измените, Ваше право е да го прекинете користењето на платформата, и да ја прекинете претплатата.

Доколку прекинот на претплатата настане поради оваа причина, имате за право да испратите писмено барање во електронска форма до нас, за враќање на содржините и функционалностите онака како што тие биле во моментот кога сте ја направиле првата уплата, единствено за Вашиот кориснички профил. Исто така во тој случај имате и право да барате повраток на средствата, со кое ќе изразите согласност да го прекинете Вашето користење на платформата засекогаш, а од наша страна ќе ви биде вратен целиот износ кој сте го уплатиле за тековниот временски период (месец или година во зависност од изборот на претплатнички пакет при Вашата регистрација на платформата). Средствата ќе ви бидат вратени во рок од неколку работни дена, во зависност од политиките на банката и сервисот за наплата со кои соработуваме (Стопанска Банка АД скопје, и Касис) а за било какви прашања и поплаки можете да не контактирате.

Доколку обидот за поврат на Вашите средства е неуспешен, ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје ќе стапи во контакт со Вас и ќе се обидеме да го решиме спорот спогодбено. При неуспех на ваквите обиди, и понатамошни Ваши поплаки, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.

Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;