Картите за кои сите зборуваат

Хоризонт - Картите за кои сите зборуваат

Најголемата македонска колекционерска игра со карти

Приказната за галаксијата Аривега е раскажана преку дигиталните карти за собирање. Станува збор за библиотека од 500 првични карти која повремено ќе се надополнува и со нови изданија. Децата започнуваат со 5 карти, а колекцијата ја зголемуваат со дополнителни 5, секоја наредна недела. Платформата нуди можност за собирање на картите, истражување на галаксијата, како и размена помеѓу другарчињата, игра и натпреварување. Собирајќи ги картите, децата учат за секој лик посебно, но и за нишките кои ги поврзуваат, во една огромна и комплексна приказна.

Галаксија Аривега – Хоризонт

Картите како награда

Децата ќе добиваат карти и преку совладување на едукативните содржини, преку читање и решавање на задачи - нешто кое ќе ги поттикне уште повеќе да учат, и да минуваат продуктивно време на платформата.

Целта позади создавањето на оваа содржина е секако забава, но ние сакавме да постигнеме и нешто повеќе. Идејата беше да им пружиме на децата можност самите да навлезат во одредена приказна, имајќи целосна автономија во поглед на тоа како ќе се одвива нивната интеракција со фиктивниот свет. Наративот е фрагментиран низ картите, но децата ќе имаат можност преку нив да пристапат и до подолги текстови кои ја опишуваат Аривега, сите важни системи, планети, и настани.

Дигитални колекционерски карти

Бескрајни можности за игра!

Возбудлива игра со карти која нуди извонредна длабочина, следејќи едноставни математички правила. Иновативен начин да се усоврши основната аритметика, и да се развие страст за стратегизирање.

Аривега – колекционерски карти

Богат и комплексен фиктивен свет

Можност за истражување на фракциите, нивните меѓусебни односи, како и класите од картите и начинот преку кој истите се вклопуваат во галаксијата Аривега. Љубопитноста е единствената граница!

Зачлени се
Хоризонт – колекционерски карти
Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;