Релевантната литература укажува на фактот дека физичката активност ја менува самата структура на мозокот, и влијае врз подобрување на когнитивните и училишни перформанси, како и егзекутивните функции. [1, 2, 3, 4] Затоа, време е да се посветиме на создавање витална младина која ќе гради здрави навики уште од раната школска возраст.
Вашето дете ќе има целосен пристап до сите возбудливи епизоди на Фитнес Час, каде ќе практикува стотици различни движења кои овозможуваат разни предизвици, многу забава и смеа. Секоја епизода има засебен фокус, и времетраење од околу 20 минути, а инструкторот ги води децата низ целиот процес.
Програмата нуди 12 видеа, со вежби прилагодени за рана школска возраст. Опфатени се сите мускулни групи, а се работи и на флексибилност, рамнотежа, координација, брзина и сила. На овој начин се раѓа и љубовта кон спортот, а главната цел е децата да ја засакаат физичката култура пренесувајќи ја играта на отворено.
Покрај бројните здравствени придобивки, физичката активност ќе допринесе и кон зголемена самодоверба [5], што е од особена важност во раниот училишен развој. Поради ова, и останатите споменати бенефити, Фитнес Час беше првиот модул на кој почнавме да работиме.
Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.
ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026
Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330