Забавни видео игри

Внимателно одбрани видео игри кои ги запознаваат децата со повеќе различни жанрови, нудејќи можност за забава, релаксација и надминување на бројни предизвици.

Видео игри – Хоризонт

Насловите се достапни на повеќе уреди, и се прикладни за момчиња и девојчиња од седум до дванаесет годишна возраст. Може да се играат на десктоп и лаптоп, како и на таблет или пак смартфон.

HTML5 игри – Хоризонт

Оваа секција вклучува класични игри со добро позната механика, како и нови наслови со интересни концепти и предизвици во кои Вашите деца ќе уживаат. Истите се изработени од талентирани странски автори.

Интересни видео игри

Времето поминато играјќи наскоро ќе може да биде ограничено од страна на родителот, директно преку логирање на профилот, што значи дека Вие ќе имате целосна контрола врз оваа секција од платформата. Ваквата функционалност е во изработка.

Видео игри за деца – Хоризонт

Со умерено користење, видео игрите може да допринесат за развој на бројни умствени капацитети, а особено за развој на креативноста кај помладите. [1]

Видео игри за десктоп и мобилен

Голема благодарност до Томче Делев кој го прилагоди отворениот изворен код, клонирајќи ја популарната игра Wordle, користејќи React, Typescript, и Tailwind, а својата верзија ја овозможи за бесплатна комерцијална употреба [2]. Сметаме дека Зборле одлично ќе се вклопи во рамките на оваа платформа, каде што се обидуваме да го изградиме најдоброто безбедно дигитално игралиште за деца.

Видео игри - Зборле
  1. Jackson, L. A., Witt, E. A., Games, A. I., Fitzgerald, H. E., Eye, A. V., Zhao, Y. (2012). Information technology use and creativity: Findings from the Children and Technology Project. Computers in Human Behavior, 28(2), 370-376
  2. Отворениот изворен код прилагоден од страна на Томче Делев можете да го пристапите на следниот линк.
Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;