Нашите деца постојано се соочуваат со нови информации и предизвици, па затоа решивме да го интегрираме Тали во самата платформа. Тој е тука да им помогне на децата да учат и да напредуваат со самодоверба, а изработен е да биде трпелив и љубезен, придржувајќи се до бројни дидактички принципи. Вклучен во цената на месечната претплата, овој извонреден дигитален тутор ќе биде постојано тука за Вашето дете, разговарајќи со тон и вокабулар прилагоден за возраста.
Без разлика дали се работи за математика, мајчин јазик и литература, природни науки, или едноставно поттикнување на љубопитноста, Тали е тука за да одговори, да објасни, и да охрабри. Вашето дете ќе добие помош и насока кон совладување на материјалот од сите предмети во наставната програма. Но, наместо давање готов одговор, туторот ќе го води ученикот кон пронаоѓање на решението, со цел тоа да учи и напредува. Бројот на пораки во текот на денот е ограничен, но сосема доволен за долги и исцрпни разговори [1].
Тали е изграден врз архитектурата на еден од најнапредните модели на вештачки интелигенција (од понудата на OpenAI), и дополнително е прилагоден од тимот на Хоризонт. Децата ќе имаат пристап до Тали преку засебно изработен интерфејс, кој е во склоп на платформата Хоризонт. Овозможен е пристап и до историјата на разговорите, како би можеле да се вратат на објаснување кое им било корисно, да повторат одреден материјал, или да ја продолжат дискусијата онаму каде што застанале. Безбедноста и приватноста на децата е од најголема важност!
Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.
ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026
Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330