Аудио вежбите се со времетраење од 5 до 7 минути, и претставуваат одлична можност за краток одмор, стапување во контакт со сетилните искуства, како и зголемување на свесноста кај децата.
Кратките вежби за медитација полека стануваат дел од програмата во многу училишта на запад. Ова се должи на големиот број бенефити меѓу кои подобрено внимание и концентрација, градење на здрави психолошки навики, како и намалување на стресот, соматските и анксиозните нарушувања. [1, 2]
Модерното време носи безброј дистракции со кои најмладите тешко се справуваат. Затоа, со вкупно 7 вежби – една за секој ден од неделата – веруваме дека може заедно да допринесеме кон посреќни деца, кои уживаат во сегашниот момент, со многу повеќе внимание.
Вежбите за медитација помагаат и кон намалување на агресијата, стекнување подобра емоционална регулација, како и зголемено трпение. Овие квалитети директно се одразуваат врз способноста да се прати наставата, водејќи кон подобри резултати и во училишната програма. [3]
ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;