Интерактивна математика

Интерактивна Математика е богат курс кој го води детето низ наставната програма, совладувајќи ги концептите преку голем број на лекции и забавни вежби. Граден според мноштво дидактички сознанија и принципи за создавање на извонредно корисничко искуство, овој модул претставува иновација во образовниот процес.

Интерактивна Математика

Преку интересен графички приказ и соодветно анимирани содржини, децата ги чека многу забава. Градени во мултимедијален формат, и со стотици интерактивни вежби, овие лекции го нудат најдобриот пат кон совладување на материјата.

Интерактивна Математика

Моментално, курсот е наменет за првачиња, покривајќи ја целата наставна програма по предметот математика. [1] Благодарение на умешно изработената нарација која детето може да ја користи по потреба, содржините можат да се уживаат автономно, без помош од родител, дури и пред детето да научи да чита. Впрочем, цврсто веруваме дека овој уникатен пристап на следење на содржините ќе допринесе и кон побрзо развивање на читањето како вештина.

Интерактивна Математика

Содржината на курсот е внимателно изработена од страна на Цветанка Стојановиќ, педагог и одделенски наставник, во соработка со психолог, а пак креативните и технички решенија од овој модул се производ на нашето долгогодишното професионално искуство во полето на градење дигитални платформи. За прв пат на македонскиот пазар, Интерактивна Математика претставува исчекор во едукативните содржини за деца.

Интерактивна Математика
  1. Во меѓувреме работиме и на проширување на содржините, во обид целосно да ја понудиме и наставната програма за трето, четврто и петто одделение.
Следи нè на Facebook
arno rise

Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026

Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330