Кога детето зема книга во рака, наеднаш мора да прифати еден невидлив договор. А договорот е дека постои само еден начин да се искуси приказната – читајќи, страна по страна, линеарно и во еден правец. Секако, ова нуди големи придобивки – децата учат да го задржат своето внимание, да осознаат еден поширок наратив движејќи се страна по страна, и да вежбаат одложено задоволство. Меѓутоа, постојат и други начини преку кои може да се искуси фиктивниот свет. Движејќи се низ мрежата на информации, ликови и приказни која ја создадовме, децата ќе ја зајакнат својата автономија и внатрешна мотивација, развивајќи уште поголема љубов кон пишаниот збор.
Намерно го избравме концептот за голема галаксија во која постојат 12 сектори, како би имале можност да претставиме различни тропи, архетипови, и фиктивни локации. Ова ни ги одврза рацете да создадеме бројни приказни, кои се забавни, мистериозни и секако поучни. Можностите за раскажување на авантури се неограничени, а Вашето дете, со помош на мали чекори и целосна автономија, ќе ја зацврсти својата внатрешна мотивација, читајќи повеќе од ден на ден. Низ приказните преовладуваат фиктивни елементи, но постои простор и за споделување на знаења од природните и општествени науки.
Секоја недела ќе излегуваат нови приказни кои раскажуваат за авантурите на одредени ликови од колекционерската игра со карти. Можете само да замислите колкав е интересот за приказните кога картата која Вашето дете ја чува во својата колекција наеднаш добива нова приказна зад неа, поврзувајќи ја со други ликови и настани од галаксијата. Сагата за Аривега, во склоп на богатиот интерактивен модул за истражување, е најголемата и најбогата приказна за деца некогаш создадена на македонски. Дозволете му на Вашето дете да заплови во еден магичен свет.
Зачлени се
Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.
ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026
Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330