За нас

За нас

Постојано слушаме дека нашите деца постигнуваат слаби резултати во образованието. Истовремено, гледаме како новите генерации развиваат зависност од веб платформите, кои пак се немилосрдно оптимизирани за профит. Опкружени сме со дигитална инфраструктура која не е прилагодена за детскиот развој, и која во голема мера има негативно влијание.

Како резултат на тоа, се роди идејата за Хоризонт.

Сакавме да направиме платформа каде што забавата и едукацијата се претопени во едно, без притоа да отстапиме од развојните цели. Знаевме дека дигиталните уреди нема да исчезнат од детството, и наместо да се бориме против технологијата решивме да ја искористиме во полза на децата. Целта е да го претвориме времето минато пред екраните во нешто продуктивно, осмислено и, најважно од се’, намерно! Овој етос е проткаен низ сите содржини, начинот на кој тие се претставени, и целокупната архитектура на платформата.

Хоризонт нуди мултимедијални и интерактивни содржини од повеќе дисциплини – од математика и шах, до физичка активност, медитација и креативни модули. Нашата амбиција е библиотеката постојано да расте, одржувајќи висок стандард и јасна педагошка насока.

Итноста со која работевме на платформата навистина не би можеле доволно да ја потенцираме, а причината е едноставна – секојдневно, децата ја губат битката со профитни машинерии кои одамна заборавиле на етичките начела. Затоа, ги вложивме сопственото време, знаење и средства за да изградиме платформа која може да се носи со најдобрите решенија, не само во регионот, туку и пошироко.

Истовремено, моделот на финансирање ја следи нашата потреба за искреност и транспарентност, па затоа нудиме месечна претплата со која родителите однапред знаат што даваат, а што добиваат. На Хоризонт не постојат скриени трошоци и манипулативни механики. Никогаш нема да ја искористиме детската љубов кон содржините, за да создадеме континуирани трошок за родителите, како што веќе одамна стана пракса во регионот. Веруваме дека довербата е поважна од краткорочниот профит.

Секако, и покрај тоа што библиотеката на содржини е обемна, свесни сме за потребата од нејзино проширување, како и потребата за јазични прилагодувања, најпрвин на албански, а потоа и на јазиците од регионот. Верувајте, ќе продолжиме неуморно да работиме, а вратите секогаш ќе бидат отворени за оние кои сакаат да бидат дел од оваа мисија.

Како родители, ова е платформата која ја направивме и за сопствените деца!

Зад Хоризонт стои мал но агилен тим со јасна мисија и желба за докажување. Сметаме дека најмладите го заслужуваат најдоброто, и поради тоа наша обврска е неуморно да работиме.

Верни сојузници во еден од најубавите периоди од Вашиот и животот на Вашето дете,

Славко Дешиќ, Бојан Василевски и тимот позади Хоризонт.

Следи нè на Facebook
arno

Поддржано од проектот RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) кој во С. Македонија го имплементира Здружението “АРНО”. Мислењата и ставовите изразени на оваа веб страница не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и партнерските организации.

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје; Сите права задржани; © 2022-2026

Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330