Политика за приватност

Содржината на оваа страна, изложена во продолжение, ја претставува политиката за приватност (во понатамошниот текст “политика”), која објаснува како и со која цел ги користиме Вашите лични и не-лични податоци, кои се генерирани на веб страната www.horizont.live ("нашата веб страна") во сопственост на ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје (“ние”, “нас”, “нашите”, “Хоризонт”). Со ваквата политика дополнително се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Истата се однесува за сајтот www.horizont.live и се применува на сите наши домени и поддомени а се појавува на дното (најдолу) од веб сајтот, каде е достапна за секој посетител.

Со Вашето користење на овој веб сајт се сложувате со одредбите од оваа политика за приватност. Сите понатамошни одредби и објави кои се предмет на оваа политика можат да бидат повремено изменети, и секоја измена ќе биде евидентирана и објавена на овој веб сајт. Ние го задржуваме правото да ја менуваме политиката за приватност, без никакви претходни најави и во било кое време. За таа цел, Ви укажуваме на потребата повремено да ја посетувате политиката за приватност објавена на оваа веб страна, како би можеле соодветно да се информирате околу најновите измени кои се однесуваат на користење на Вашите лични и не-лични податоци. Евентуалните измени во политиката за приватност нема да бидат со цел таа да пружа помала заштита, без притоа да биде побарана Ваша согласност, односно согласност од корисниците.

Податоци кои Хоризонт ги собира

Ние собираме два типа на податоци од Вас корисниците, во зависност од Вашето ниво на интеракција со платформата и сите пропратни услуги како што се корисничка подршка, e-mail известувања и секој друг тип на комуникација. Ова значи дека ги собираме Вашите Лични податоци како и Не-лични податоци, секогаш кога имате интеракција со нас. Во продолжение се наведени конкретни примери:

Хоризонт има право да ги собира и користи овие податоци за корисниците.

Важно е да се напомене дека личните податоци кои ги прибира Хоризонт се податоци со чија помош може да се идентификувате Вие, односно крајниот корисник. Понекогаш ваквите податоци ќе бидат побарани од Вас, при користење на одредени функционалности на платформата како што се креирање на профил, пополнување на анкета, или пак одговор на порака во пишана или усна комуникација со цел разрешување на проблеми кои се јавуваат со корисничкото искуство, откажување на претплатата и останати видови на комуникација во кои Вие доброволно пристапувате. Важно е да напоменеме дека не е задолжително да се вклучите во ниту една активност која бара Ваша или нечија друга идентификација, односно личен податок.

При регистрација на нашата платформа, може да побараме од вас е-мејл адреса, име или алијас со кој би сакале да се најавувате на платформата, како и пол и возраст на корисникот на платформата.

Хоризонт зачувува одредени лични и не-лични податоци, како и дел од податоците во врска со наплатата. Важно е да напоменеме дека во моментот кога ќе направите претплата на Хоризонт, платежните податоци кои се побарани од вас, и ги внесувате, се податоци кои ние не ги чуваме во целост, ниту пак процесираме. Ваквите податоци се процесирани преку безбедна https конекција и SSL енкрипција наменета токму за оваа употреба, и преку платежниот процесинг систем на Стопанска Банка и cPay системот на Касис. Притоа, некои од податоците кои се бараат од Вас се задолжителни за вклучување во одредена активност на платформата Хоризонт, како што е можноста за најавување и преглед на содржините, а доколку истите не ги приложите нема да можете да ги користите, односно да се вклучите во овие активности.

Единствените податоци при извршување на плаќањето, до кои Хоризонт има пристап, ги чува и процесира, се името кое стои на Вашата платежна картичка, последните 4 (четири) цифри од бројот на картичката со која е извршено плаќањето, како и сумата која е наплатена. Останатите информации се безбедно енкриптирани и достапни на платежниот процесинг систем на Стопанска Банка, како и cPay системот на Касис.

Личните податоци кои ги приложувате кон платформата Хоризонт се користени од наша страна со цел обезбедување подобро корисничко искуство, како и подобра услуга во целост. Дополнително, ваквите податоци ги користиме и при маркетиншки и разни други промотивни напори, како и подобрување на моменталните содржини и услуги, или пак при изработка на нови функционалности, содржини и услуги. Понекогаш, Вашите податоци се користени од наша страна при обид да ја анализираме работата на платформата и трендовите кои се јавуваат при нејзиното користење од страна на Вас, и останатите корисници.

Доколку при комуникација со Вас решиме дека содржината на таа комуникација е соодветна за нашата компанија да ја искористи во маркетиншки цели, ќе побараме согласност од Вас преку електронски пат (е-мејл), за да го објавиме Вашето име и одреден дел од содржината на комуникацијата. Ова ќе го направиме пред објавување на содржината, а истата ќе ја објавиме единствено доколку ни одговорите позитивно на барањето со тоа што ќе дадете целосна согласност.

Вашите лични податоци може да бидат користени од наша страна и заради решавање на секакви спорови, административни задачи, како и контакт со Вас, и секако при спроведување на меѓусебните договори, како што е оваа политика за приватност, во согласнот со релевантните законски прописи.

Важно е да се напомене дека Не-личните податоци кои ги прибира Хоризонт се сите оние податоци преку кои не може да се идентификува крајниот корисник, а истите често вклучуваат податоци прибрани преку нас и/или трети странки со помош на веб и комуникациски технологии како што се колачиња (“cookies”), пиксел тагови и изработка на лог датотеки. Во ваквите податоци спаѓаат Универзален Ресурсен Локатор (URL) на веб сајтот кој сте го посетиле пред пристапување кон нашата платформа, или пак URL на веб сајтот кој сте го посетиле веднаш после нашуштање на нашата платформа. Ваквите податоци го вклучуваат и типот на пребарувачот што го користите, и Вашата Интернет Протокол адреса, таканаречена IP адреса. Важно е да се напомене дека ние и/или овластени трети странки може автоматски да ги собереме овие податоци, секогаш кога ќе го посетите нашиот веб сајт.

Дополнително, Хоризонт прибира и низа други не-лични податоци кои автоматски се собираат, а кои ги зачувуваме во нашите лог датотеки. Ваквите информации вклучуваат IP адреси, географски одредници како држава, град и населено место, уред и оперативен систем од кој се пристапува, URL адреси на страните од кои се пристапува, како и времето на посета, посетените страници на нашиот домен, одредени кориснички активности како што се кликови на назначени веб полиња и друго. Лог датотеките зачувуваат и дел од активностите кои корисниците ги вршат во рамки на нашиот домен, и особено платформата, со цел персонализирање на содржините и начинот на кој истите се прикажуваат. Пример за ова е зачувување на напредокот кој корисникот го остварил при конзумирање на одредени содржини, со што платформата би била во можност да “запомни” кој дел од содржините е отворен, и притоа да му прикаже на корисникот информација за неговиот напредок. На овој начин, корисниците ќе можат да продолжат со конзумирање на содржините онаму каде што застанале минатиот пат, без разлика на тоа дали се одјавиле од корисничкиот профил, пристапиле преку различен уред, IP адреса, и така натаму.

Ваквите не-лични податоци не се поврзуваат со Вашите лични податоци, туку претставуваат агрегат кој се прати во целост или од кој се издвојуваат одредени категории на информации или пак одредени кориснички искуства засебно, со цел статистичка обработка, интерни административни задачи, пратење на трендови, прибирање на демографски информации за нашата база на посетители и корисници. Единствениот случај во кој ќе се обидеме да ги поврземе ваквите податоци со Вашите лични податоци, во обид за идентификација на Вас или останатите корисници, е при прекршување на условите за користење и/или политиката за приватност од страна на крајниот корисник, како и официјални барања од релевантните овластени законодавни и извршни тела.

Користење на Вашите податоци

Хоризонт го задржува правото да ги открие и сподели Вашите податоци со релевантните законодавни и извршни тела, доколку тоа се наложува со закон, барање на овластени институции, или пак при заштита на нашите права, постапување по судски налог, постапка, или правен процес кој не засега нам.

Дополнително, Хоризонт има увид во сите информации кои ги приложувате рачно (како што се Вашата е-мејл адреса, Корисничко име и Лозинка), но и оние кои се прибрани автоматски и се зачувуваат во нашите лог датотеки, образложени погоре на истата оваа веб страна.

Сите овие податоци се користат при:

Е-мејл комуникација и известувања

При Ваше зачленување на платформата, Хоризонт ги користи Вашите лични податоци (како што е е-мејл адреса) за да стапи во контакт со Вас, преку испраќање на известувања околу логирање и користење на платформата.

Вашата е-мејл адреса ќе биде искористена и со цел испраќање промотивни материјали од наша страна кон Вас, од кои ќе можете да се откажете во секое време, односно да извршите подесување на опциите за комуникација, со одјавување преку линкот “одјави се”, лоциран на дното (најдолу) во секоја е-мејл порака испратена од наша страна.

Важно е да се напомене дека Вашето одјавување од примање на овие содржини се однесува само на промотивните и рекламни материјали и содржини, а не на останатите важни известувања поврзани со обнова на Вашата претлата, прекинување на Вашата претплата или други известувања околу користење на платформата, технички проблеми, или злоупотреба на системот и условите за користење како и политиката за приватност наведена овде.

Заштита на Вашиот кориснички профил

Вашиот кориснички профил е обезбеден со користење на заштитна лозинка. Надвор од нашите административни технички овозможувања, ваквата лозинка е единствениот клуч до вашиот профил, и истата треба да ви е позната единствено Вам. Лозинката треба да се разликува од името или алијасот што го користите при најава на вашиот кориснички профил. Доколку сметате дека Вашата лозинка е обзнаена или компромитирана на било кој начин, веднаш направете промена на лозинката и/или известете не како би можеле да Ви помогнеме.

Споделување на Вашите информации

Хоризнот не ги споделува, изнајмува, продава или на било кој друг начин објавува Вашите информации на други институции, физички или правни лица, освен во одредени случаи кои се наведени во продолжение:

При предавање или продавање на бизнисот, на друга компанија или лице, Вашите информации, заедно со информациите на сите останати корисници исто така се предаваат/пренесуваат. Во тој случај, последната објавена политика за приватност, пред ваквото предавање/продавање на бизнисот останува да важи, со што Вашите податоци се соодветно заштитени според истата.

Секако, доколку релевантните и овластени законодавни и извршни тела наложуваат, наша обврска е да постапуваме во согласност со законите и нивните барања, при што Вашите информации ќе бидат споделени делумно или во целост. Истите можат да бидат обзнаени пред овие тела и во случај на судска постапка, налог или процес во врска со Хоризонт, интелектуалната сопственост врз платформата и заштита на нашите права, правата на корисниците и прекршување на условите за користење.

Вашите неидентификувачки односно не-лични податоци можат да бидат споделени и со маркетинг компании и останати компании со цел подобрување на нашата платформа, промотивни активности и останато административно работење.

Политика за колачиња

Овој веб сајт, како и платформата Хоризонт која се наоѓа на истиот овој веб домен, користат колачиња за да Ви обезбедат подобро корисничко искуство. Објаснети поедноставно, колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или било кој уред кој го користите при посета на веб страницата www.horizont.live. Истите се зачувуваат при една или повеќе сесии (интернет посети), и не зачувуваат лични податоци како што се Вашето име, адреса, или е-мејл адреса. Хоризонт, при своето работење, користи неопходни колачиња, статистички колачиња и останати колачиња за маркетиншки цели и друго. Ваквите колачиња придонесуваат за подобрување на веб страницата, платформата, и услугата која ја нудиме кон Вас, крајниот корисник. Тие се корисни за прибирање информации како тип на веб прелистувач, оперативен систем преку кој се пристапува, вид на уред, Вашето време минато на нашиот веб домен, и употреба на сајтот од Ваша страна.

При вашето прво пристапување на веб страницата www.horizont.live ќе Ви се прикаже веб прозорец кој ќе ве извести дека користиме колачиња. Доколку притиснете “Прифати сè”, се согласувате да ги користиме сите колачиња, а воедно и изјавувате дека ја разбирате и истовремено прифаќате нашата политика за колачиња.

Ваше право, и можност, е да ги посетите “подесувањата за колачиња”, за дополнително да ги контролирате колачињата кои ги користиме при Вашата посета, изразувајќи согласност онаму каде што сметате дека е соодветно. Во случај да се согласите само со дел од понудените колачиња, постои можност некои функционалности и содржини на оваа веб страница, платформа, корисничко и маркетиншко искуство да не работат правилно или пак да не Ви бидат прикажани. Важно е да се напомене дека не е задолжително да ги прифатите колачињата, а пак согласувањето за нивно користење може да биде отповикано во било кое време. Опцијата да се отповикаат/избришат сите или одредени колачиња е достапна преку подесувањата на Вашиот Веб прелистувач. Подолу се приложени линкови до веб ресурси за релевантниот пребарувач/прелистувач, каде што ќе може детално да се информирате околу подесување на колачињата.

Со која цел користиме колачиња?

Хоризонт користи колачиња со цел подобрување на корисничкото искуство, веб страните и платформата кои се наоѓаат во склоп на доменот www.horizont.live. Оние колачиња кои се поставени од наша страна се нарекуваат колачиња од прва страна (first-party cookies), додека пак колачињата поставени од трети страни се нарекуваат колачиња од трети страни (third party cookies).

Овие колачиња се зачувани во Вашиот веб прелистувач единствено со Ваша согласност. Колачињата од трети страни не откриваат лични податоци, односно идентитетот на корисникот не е обзнаен ниту пак може да се открие. Хоризонт нема контрола врз колачињата од трети страни, ниту начинот на кој истите се чуваат и користат од релевантните трети страни.

Вид на колачиња кои ги користиме

Хоризонт користи неопходни колачиња (necessary cookies) за добивање согласност (податок за прифаќање или неприфаќање) на политиката за користење на колачиња. Истите овие колачиња се користат при останати овозможувања и подесувања од страна на платформата кон Вас, како што е изборот на јазик, и друго. Покрај неопходните колачиња нашата платформа како и нашиот веб сајт користат статистички колачиња (statistical cookies) кои ни овозможуваат да ппристапиме до информации како што се времетраењето на посетите, посетените веб страници, географската локација од која што се пристапува, уредот и оперативниот систем од кои што се пристапува, дел од активностите кои корисникот ги обавува во рамки на нашиот веб домен и друго. овие информации се прибираат анонимно, и истите се користат при анализа на статистичките трендови поврзани со корисниците и корисничкото искуство, како и при обиди за подобрување на нашата услуга, веб сајт и платформа. Важно е да се напомене дека статистичките колачиња не се неопходни, и не влијаат врз Вашето корисничко искуство.

Менување на политиката за колачиња

Политиката за колачиња, како дел од политиката за приватност, исто така може да биде изменета во секое време. При секоја промена, истата ќе биде наведена во политиката за приватност како и во политиката за колачиња, почетната страна на веб сајтот www.horizont.live и на други места кои се соодветни. Наша препорака кон Вас е да ги погледнете објавените измени при секоја посета на веб сајтот.

Безбедност на Вашите информации

Важно е да се напомене дека ниту една компанија не е во можност да ги исклучи во целост безбедносните ризици кои се однесуваат на чување и заштита на корисничките податоци. Поради ова, користењето на нашата платформа и веб сајт, како и сите веб, безбедносни и комуникациски технологии со кои нашата страна располага и е во соработка, е на Ваш сопствен ризик. Разните индустриски стандарди кои ги користиме а кои разумно го намалуваат овој ризик вклучуваат безбедносни лозинки, заштитни ѕидови (firewall), SSL сертификати (напредна енкрипција на податоци) и други.

Пристап до Вашите податоци и нивна измена

Преку логирање на Вашиот профил имате пристап до податоците кои сте ги оставиле како што се корисничко име, е-мејл адреса, безбедносна лозинка, информации околу користење на платформата, возраст и пол на корисникот на платформата (доколку сте ја приложиле оваа информација – истата не е задолжителна за пристапување до содржините на Хоризонт).

Дел од овие содржини, како што се корисничкото име, безбедносната лозинка, и е-мејл адреса можат да бидат променети, а за да го направите тоа потребно е да ни испратите е-мејл порака. Лозинката може да биде променета и внатре преку самата платформа, со логирање на Вашиот кориснички профил.

Имате и опција да го деактивирате вашиот профил, односно да ја прекинете претплатата, и тоа можете да го направите преку логирање на вашиот кориснички профил и избирање на опцијата “откажи претплата”, веднаш после што ќе ви бидат поставени серија на прашања за потврдување на Вашата намера, и на кои ќе биде потребно да одговорите соодветно со цел да ја откажете претплатата. Некои од овие прашања ќе бидат задолжителни за да се постигне саканата цел, а други пак опционални. Истото можете да го направите и преку контакт формата на нашиот веб сајт, или со испраќање е-мејл порака. Деактивирањето на профилот и откажувањето на претплатата не означува и бришење на сите Ваши податоци до кои ние како и трети страни образложени погоре во оваа политика за приватност имаат пристап. Истите се чуваат поради низа причини како што се статистички анализи, извештаи, законски обврски и евентуални спорови.

Трети страни

Погоре во оваа политика за приватност се наведени некои од третите страни со кои Хоризонт соработува, а кои собираат и обработуваат Ваши податоци во наше или свое име. Ние не сме одговорни за политиките за приватност како и активностите на трети лица, и поради тоа ве повикуваме да се запознаете со политиките за приватност и заштита на лични податоци посетувајќи ги веб сајтовите на релевантните и наведени трети лица.

Во оваа категорија спаѓаат и социјалните мрежи каде содржините кои ги објавувате, во интеракција со нашите социјални профили на истите тие мрежи, се јавно достапни и подлежат на условите за користење на конкретните платформи како што се Facebook (Meta), Twitter, Instagram, Google+, YouTube и други.

Политика за приватност кон малолетници

Иако Хоризонт е платформа за забава и едукација наменета за деца од рана школска возраст, зачленувањето на платформата и креирање на кориснички профил не е возможно без помош од родител или старател. Поради тоа, родителот или старателот кој го креира корисничкиот профил и ја врши исплатата при негово креирање е одговорен за сите активности кои ги врши детето/малолетникот под негова одговорност, во рамките на нашиот веб сајт, нашата платформата, и во однос на неговите податоци (како што е на пример заштита на безбедносната лозинка од страна на корисникот).

Поради потребата од задолжителен ангажман на родител или старател при регистрација на профилот како и пристапување на платформата, веднаш ќе го отстраниме корисничкиот профил и одредени податоци поврзани со него доколку дознаеме дека истиот е регистриран од страна на корисник кој има под 18 години.

Последна промена на политиката за приватност

Последната промена е направена во Март, 2022.

Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;