Курсот за шах е богат и иновативен модул за кој изработивме мултимедијални содржини и практични веб решенија, создадени за непречено запознавање со бројни правила и стратегии од шаховската игра. Децата ги водиме чекор по чекор, низ стотици позиции, интерактивни вежби, и видео материјали, а тие имаат можност да ги научат концептите – од почетни па се до напредни – движејќи се во свое темпо.
Бројни истражувања низ годините укажуваат на потребата од изучување шах, особено кај помладите. Како бенефити може да се издвојат значителни подобрувања во повеќе дисциплини, и тоа критичко размислување, математика, читање, мотивација, меморија, вербално резонирање, организациски вештини, имагинација... [1]
Со оглед на тоа што постои голем недостаток на вакви содржини на македонски, решивме шаховската радост да ја направиме достапна за сите, во еден навистина атрактивен формат. Искрено веруваме дека овој модул ќе допринесе кон зголемен интерес за играта, но и подобрување на бројни капацитети кај нашите деца.
Вграден во самиот курс е и софтверот Stockfish, со различни нивоа на тежина. Децата ќе можат да ги научат и усвојат лекциите преку видео материјали, анализа на бројни позиции, и интерактивни вежби, а потоа ќе можат да продолжат да играат на соодветното ниво, тестирајќи ги и унапредувајќи ги своите вештини.
ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;