Правила и услови за користење

Horizont.live е дигитална (онлајн) платформа во сопственост на Друштвото за производство, трговија и услуги ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО Скопје (во понатамошниот текст: Хоризонт, нас, ние, платформата). Со овие општи правила и услови за користење на услугата (во понатамошниот текст: правила и услови) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот www.horizont.live, платформата, и сите останати содржини, услуги и функционалности во рамките на овој веб домен.

Прифаќање на условите за користење на услугата

Со користење на овој веб сајт, под домените, веб страните и платформата во рамки на овој веб домен, Вие се согласувате со Правилата и условите за користење на услугата (дефинирани на оваа веб страна). Наш совет е истите да ги прочитате внимателно, а доколку имате било какви прашања и да ни се обратите. Истовремено, се согласувате и со нашата Политика за приватност, која помеѓу другото се однесува и на политиката за заштита на лични податоци, а можете да ја пристапите овде, како и на дното (најдолу) на нашиот веб сајт. Пристапувајќи на веб доменот www.horizont.live и сите услуги и содржини кои истиот ги нуди, вие се согласувате и дека повремено ќе ги посетувате Правилата и условите, со цел да бидете во тек доколку истите претрпат одредени измени.

Со регистрација на веб платформата, преку отварање на кориснички профил, оставање на Вашите лични информации, и извршување на уплата по електронски пат, Вие се согласувате со правилата и условите за користење на услугата. Ваквата согласност може да биде отповикана во било кое време, со тоа што ќе се отчлените, односно доброволно ќе ја прекинете претплатата на нашата платформа, и/или ќе не известите нас да го направиме отчленувањето во Ваше име.

Дозвола за користење на услугите на веб платформата Хоризонт имате само доколку се придружувате кон сите релевантни закони и овие Правила и услови.

Можно е да биде побарана Ваша согласност со дополнителни правила и услови, во кој случај ќе бидете во можност да изразите согласување или несогласување со притискање (кликање) на веб копчиња со назнаки како што се “прифаќам”, “се согласувам”, и други.

Доколку не се согласувате со Условите на употреба прикажани на оваа веб страна, можете веднаш да престанете да го користите овој веб сајт како и платформата Хоризонт.

Опис на услугата

Хоризонт е дигитална (онлајн), интерактивна платформа во рамки на доменот www.horizont.live, која е изработена и е во управување од страна на ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Оваа платформа на своите корисници/претплатници им нуди можност за забава и неформална едукација преку голем број на различни содржини во аудио, видео, текстуална, графичка и интерактивна веб форма. Услугата во рамки на проектот Хоризонт вклучува и известувања и пораки кои се согласувате да ги добивате со самото зачленување на Хоризонт, автоматизирано извршување на електронска наплата преку нашите партнери (трети страни) и регистрација на кориснички профил. Доколку сакате, Ваше право е да се одјавите од користење на дел од овие услуги, како што се промотивните материјали и известувања кои не се поврзани директно со обнова или прекинување на Вашата претплата, преку притискање на полето “одјави се”, кое се наоѓа на дното (најдолу) во секој мејл испратен од наша страна.

До платформата може да пристапи секој корисник кој има пристап до интернет и интернет пребарувач, директно преку нашиот кориснички интерфејс во рамки на доменот www.horizont.live. До останатите услуги како што се известувања и комуникација може да се пристапи преку социјалните мрежи, веб алатките за е-пошта, и останати комуникациски технологии.

Хоризонт има право континуирано (на месечна или годишна основа во зависност од типот на претплатнички пакет кој сте го избрале) да наплатува надомест за користење на услугите, кој е однапред утврден и со кој Вие се согласувате преку извршување на електронска уплата во моментот кога се претплатувате на платформата.

Услови за употреба на платформата Хоризонт

За да можете да ја користите платформата, Вие се согласувате дека:

Платформата Хоризонт не е достапна за оние корисници кои се под 18 годишна возраст и воедно немаат согласност од својот родител/старател за нејзино користење. Истата не е достапна и за корисници кои од било каква причина биле суспендирани од платформата и нашите услуги. Креирајќи кориснички профил, Вие изјавувате дека имате најмалку 18 години, или дека Вашиот родител/старател се согласува со Вашето пристапување до, како и користење на, платформата. Исто така, на овој начин изјавувате дека претходно не сте биле суспендирани од платформата Хоризонт, од наша страна, и дека Вашата употреба е во согласност со сите важечки закони и прописи, како и одредбите во овој документ за Правила и услови.

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје, преку проектот Хоризонт, го задржува правото да одбие услуга или пристап до платформата, на било кое физичко или правно лице, во било кое време и поради било каква причина.

Плаќања и надоместоци

Дел од нашите услуги, како што се овозможување пристап и достапност на платформата Хоризонт, нејзините функционалности и содржини, бараат плаќање на надоместоци. Доколку одлучите да станете корисник на платформата, односно да се регистрирате како претплатник преку креирање на кориснички профил, потребно е да ги платите надоместоците кои се наведени на страната онаму каде што ги избирате таквите услуги.

Плаќањето на овие услуги се врши по електронски пат, со помош на платежна картичка, преку автоматска наплата на месечниот или годишниот надоместок во зависност од изборот на претплатничкиот пакет. Истиот тој надоместок ќе биде автоматски задолжуван од вашата платежна картичка пред истекот на секој платежен период (месец или година во зависност од изборот на претплатничкиот пакет), без потреба од Ваша авторизација. Ваквата наплата, автоматкси ќе се обновува сè додека не направите откажување на претплатата. Ваше право е да го откажете претплатничкиот пакет, и тоа најдоцна три дена пред истекувањето на претплатата, со цел да се избегне нејзино автоматско обновување и за следниот претплатнички период.

Доколку немате доволно средства на располагање на денот кога претплатата е потребно да биде обновена, ние ќе испратиме известување кон Вас преку е-пошта, и ќе се обидеме да го наплатиме надоместокот, не повеќе од 3 пати. При успешна електронска наплата, Вашето право да ја користите платформата продолжува. Во спротивно, претплатата е прекината, и Хоризонт повеќе нема никакви обврски да ги чува податоците на Вашиот кориснички профил.

При плаќање со платежни картички, Вие се согласувате дека Хоризонт, односно ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје, е овластен да ви наплаќа и да прави наплата од платежната картичка која ја имате приложено, за месечен или годишен надомест соодветно Вашиот избор на претплатнички пакет во моментот кога се регистрирате на платформата, или во моментот кога го менувате претплатничкиот пакет, со поново внесување на платежни податоци по кој веднаш следи успешна наплата.

Податоците кои ги внесувате при електронската наплата се податоци кои Хоризонт не ги чува во целост, а истите се процесираат преку безбедносна https конекција и платежниот процесинг систем на Стопанска Банка и cPay системот на Касис. Подетално образложение околу прибирањето, ракувањето и безбедноста на ваквите податоци може да најдете овде во нашата Политика за приватност, или да пристапите на истата преку линкот кој се наоѓа на дното (најдолу) на овој веб сајт.

Кодекс на однесување на корисникот при употреба на услугите

Интеракцијата помеѓу корисникот и платформата Хоризонт мора да е во согласност со овие правила и услови на користење. Доколку забележиме и утврдиме дека преку Вашиот кориснички профил сте стапиле во нелегални или пак било какви други недозволени активности, го задржуваме правото веднаш да го затвориме, а случајот и податоците околу инцидентот да ги обзнаеме на релевантните законодавни и извршни тела.

Дополнително, долу приложената листа на активности од страна на крајниот корисник е исто така забранета, и секоја ваква активност од Ваша страна може да резултира со затворање на Вашиот кориснички профил и прекинување на услугите:

Ограничување на одговорноста

Ние не сме одговорни за било какво нарушување на здравјето на крајниот корисник, или останати вознемирувања и последици од било кој тип кои може да настанат при користење на нашата платформа и/или нејзините содржини. Со регистрација на кориснички профил, родителот/старателот се согласува дека е негова должност да биде присутен при употреба на платформата и содржините од страна на неговото/неговите дете/деца, да процени дали и кога е соодветно да го/ги остави детето/децата сами, и да сноси одговорност за сите повреди, и останати штети кои би можеле да настанат за време на користење на платформата.

Ние не сме одговорни за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат на користењето на оваа платформа.

Вие се согласувате дека содржините, советите, и останатите функционалности на платформата не се замена за формално образование, знаење, експертиза, медицински совет, и дека Хоризонт не е одговорен за училишниот успех кој го постигнува/постигнуваат Вашето/Вашите дете/деца.

Вие се согласувате дека во било каков случај, вкупната агрегирана одговорност на Хоризонт и ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје, како и нејзините сопственици, управители и директори не може да ја надмине висината на средствата платени за претплатничкиот пакет (еден месец или една година, во зависност на типот на претплатнички пакет кој сте го избрале) платени во период од еден месец или една година наназад од денот на поднесување на пријавата.

Интелектуална сопственост

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување или на било каков начин изменување и користење на веб сајтот www.horizont.live и содржините во рамки на овој веб домен и платформата Хоризонт, без изречена писмена дозвола и согласност од наша страна е строго забрането. Прекршување на ваквата одредба може да резултира со нарушување на авторски права, и секаква друга интелектуална сопственост, доведувајќи го крајниот корисник до граѓанска или кривична одговорност. Платформата хоризонт, веб сајтот, целата содржина и веб инфраструктурата која се користи за нејзино непречено функционирање се во сопственост на ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Со Вашето регистрирање како корисник на платформата, преку креирање на кориснички профил, Хоризонт ви овозможува лична, не-ексклузивна, лимитирана и непренослива лиценца за користење на сите содржини, функционалности и услуги, во согласност со Правилата и условите наведени погоре, како и во продолжение, на оваа веб страна.

Политика за приватност

Политиката за приватност се однесува врз прибирањето, чувањето и управувањето со Вашите лични и не-лични податоци, а истата можете да ја погледнете овде на страната Политиката за приватност, како и да пристапите кон неа преку линкот кој се наоѓа на дното (најдолу) на нашиот веб сајт www.horizont.live. На таа страна може да се информирате детално и околу Политиката за Колачиња, а кон истата можете да пристапите и одделно, следејќи го линкот кој се наоѓа на дното (најдолу) на нашиот веб сајт www.horizont.live.

Достапност на услугата

Хоризонт ќе вложи максимален напор со цел да му обезбеди на корисникот непречено користење на www.horizont.live и платформата во рамки на овој веб домен. За таа цел, ние ќе превземеме разумни мерки за да ги лоцираме и отстраниме сите технички проблеми и/или други дефекти, и ќе се обидеме да овозможиме повторно користење на услугите на платформата.

Иако наша цел е веб сајтот и платформата да бидат достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата, преку целата година, сепак истите можат да бидат недостапни во одреден временски период, поради било каква причина, вклучувајќи, но без ограничувања, и на рутински одржувања. Вие разбирате и се согласувате со тоа дека во зависност од околностите кои се во наша контрола но и надвор од наша контрола, пристапот до www.horizont.live може да биде прекинат или суспендиран, од време на време, без било каква претходна најава и известување.

Виша сила

Користењето на сите услуги кои ги нуди Хоризонт може да биде прекинато, или пак со намален квалитет, поради настанување на ситуација на виша сила. За виша сила се смета секој настан кој се случил независно од вољата и надвор од можноста на контрола на Хоризонт, и чие настапување не можело да биде предвидено ниту спречено, а истиот имал влијание врз достапноста на услугите и квалитетот на услугите кои ги нудиме. Ваквите настани вклучуваат, но не се ограничени на природни настани како што се епидемии, поплави, пожари, атмосферски електрични празнења; дефекти и прекини во мрежата за електроснабдување, инфраструктурата на телокомуникациските мрежи, како и разни општествени настани во форма на војна, вонредна состојба, граѓански немири, блокади и слично. Во сите овие случаи, односно при настанување на виша сила, Хоризонт нема да сноси одговорност за прекин на услугите и/или намалување на нивниот квалитет.

Корисничка подршка

Корисниците на Хоризонт, вклучувајќи ги претплатниците како и посетителите, имаат можност да стапат во контакт со нашата услуга за корисничка подршка. Ова може да го направат преку посета на страната "Контакт" и пополнување на веб формата, или преку испраќање е-пошта директно кон наведената е-мејл адреса, прикажана на истата страна. Услугата за корисничка подршка е достапна и преку социјалната мрежа Facebook односно чет апликацијата Messenger. Хоризонт не е обврзан да одговори на прашањата од корисниците во одреден временски рок, но ќе се обидеме во рамки на нашите можности да испратиме одговор, односно да стапиме во комуникација, често најдоцна до истекот на 48 часа.

Небарани материјали

Хоризонт нема да ги прифати, ниту пак зеде во предвид било кои непосакувани односно небарани материјали пренесени директно или на друг начин кон нас. Ваквите небарани материјали вклучуваат, без ограничување, идеи и предлози за менување, дополнување или повлекување на одредени содржини, елементи од корисничкиот интерфејс, и останати особености на платформата, веб сајтот, нашата е-пошта, начинот на кој што ги користиме социјалните мрежи, и останати активности. Хоризонт нема обврска да разгледа и прифати понуди за соработка, рекламни материјали и останати предлози во било каква форма. Доколку ни испратите небарани материјали слични на оние наведени погоре, се согласувате дека ние немаме никаква обврска да постапуваме во врска со таквите материјали, ниту пак да ги чуваме доверливи, а истите можат да бидат искористени од наша страна за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење.

Промена на услугата

Хоризонт го задржува правото да ги измени, отстрани и дополни содржините и функционалностите на платформата, без никаква претходна најава, и во било кое време.

Доколку не се согласувате со измените, Ваше право е да го прекинете користењето на платформата, и да ја прекинете претплатата.

Доколку прекинот на претплатата настане поради оваа причина, имате за право да испратите барање до нас, за враќање на содржините и функционалностите онака како што тие биле во моментот кога сте ја направиле првата уплата, единствено за Вашиот кориснички профил. Исто така во тој случај имате и право да барате повраток на средствата, со кое ќе изразите согласност да го прекинете Вашето користење на платформата засекогаш, а од наша страна ќе ви биде вратен целиот износ кој сте го уплатиле за тековниот временски период (месец или година во зависност од изборот на претплатнички пакет при Вашата регистрација на платформата).

Разрешување на спорови

Сите недоразбирања и спорови кои би настанале помеѓу Хоризонт и корисникот, вклучувајќи ги и споровите кои се однесуваат на толкување и примена на Правилата и условите наведени на оваа веб страна, ќе се рашеваат во спогодба помеѓу засегнатите страни. Доколку обидот за спогодбено разрешување на спорот е неуспешен, истиот тој спор ќе биде решаван од надлежниот суд во Скопје.

Измена на правилата и условите за користење на услугата

Хоризонт го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој дел од Правилата и условите за користење на услугата, како и од политиката за приватност и политиката за колачиња (cookies). Поради тоа, ве советуваме повремено да ја посетувате оваа веб страна, како и веб страните Политика за приватност, и Политика за колачиња, како би останале во тек со најновите политики, правила и услуги.

Евентуалните измени ќе бидат внесени во соодветните правилници, односно веб страни наведени погоре, а Вие ќе бидете дополнително известени преку е-пошта или самиот веб сајт www.horizont.live при Вашата следна посета.

Сите прашања кои не се опфатени со одредбите во овој правилник ќе бидат решавани со директна примена на релевантните важечки правни прописи во Република Северна Македонија.

Последното ажурирање на правилникот е извршено на 09.03.2022

Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;