Неограничен пристап до
најдобрата македонска дигитална
платформа за деца

Огромна библиотека на забавни и едукативни содржини, во мултимедијален и интерактивен формат, соодветни за деца од осум до дванаесетгодишна возраст.

Вежби и игри за здраво тело

Богата видео програма исполнета со физичка активност, смеа и забава, во која детето ќе може да ужива низ стотици различни движења. Одличен начин за поттинкување на љубов кон спортот, како и за среќно, разиграно детство.

Дознај повеќе ➔
Фитнес вежби и игри за физичка активност - Хоризонт

Интерактивен курс за шах

Шахот е одличен за развој на стратешко размислување, како и подобрување на бројни умствени капацитети. Овој интерактивен курс нуди пет степени со различно ниво на тежина, како и стотици позиции, вежби, и обемен видео материјал. Ги водиме децата од самите почетоци, па се до напредни концепти во играта, а тие активно учествувааат низ целиот процес.

Дознај повеќе ➔
Курс за шах - Хоризонт

Дигитални колекционерски карти

Епската приказна за галаксијата Аривега нуди иновативен пристап за поттикнување на интересот кон пишаниот збор. Преку висок степен на автономија, детето ќе има можност да ја зајакне својата внатрешна мотивација, собирајќи дигитални карти и осознавајќи елементи од фиктивниот и реалниот свет кои се протегаат низ една огромна и нелинеарна наративна форма.

Дознај повеќе ➔
Аривега - Дигитални колекционерски карти - Хоризонт

Кратки аудио вежби за подобрување на вниманието

Неколкуминутни вежби за секој ден од неделата, преку кои Вашето дете ќе развие и зајакне бројни умствени капацитети. Вежбите се наменети за подобрување на вниманието, концентрацијата, и способноста да се ужива во сегашниот момент. Навистина одлични за стекнување на здрави навики, особено во свет исполнет со дистракции.

Дознај повеќе ➔
Аудио приказни - Хоризонт

Интересни видео игри

Хоризонт е патформа за едукација, забава и игра. Затоа вклучивме и неколку интересни видео наслови со кои децата навистина ќе уживаат. Игрите се внимателно одбрани, а преку нивната механика ги запознаваат децата со различни жанрови, нудејќи бројни умствени предизвици.

Дознај повеќе ➔
Видео игри - Хоризонт

Зборле – забавна игра со букви и зборови

Едноставна и интересна игра која е одлична за вежбање на меморијата и вокабуларот на Вашето дете. Целта е преку впишување на буквите да се погоди зададениот мистериозен збор. Играта ги означува сите обиди, давајќи јасни индиции и насока..

Дознај повеќе ➔
Зборле - Хоризонт

Зошто Хоризонт?

Навистина е важно времето кое децата го минуваат пред екраните да биде продуктивно. Затоа потребни се квалитетни дигитални содржини од едукативен и забавен карактер кои ќе го зацврстат знаењето, ќе ги запознаат децата со одредени вештини, и ќе ја разгорат детската креативност. Можеби најважно, потребни се дигитални содржини кои ќе поттикнат игра и настрана од екраните.

Со својот мултидисциплинарен пристап, Хоризонт е единствената платформа од овој тип, која започнува револуција во дигиталниот простор. Долги години наназад нашите деца имаат едни од најслабите резултати во Европа; долги години наназад децата ни минуваат време пред екраните, бадијала, на сметка на здравјето – епа редно време е тоа да се промени. Целта е да поттикнеме автономија, љубов кон физичката култура, пишаниот збор, и развојот на STEM вештините. Целта е да му го пружиме на детето најдоброто дигитално катче. Достапно, за сите!

Наскоро: Комплетни наставни содржини

Соодветни содржини за секое одделение и секој предмет, согласно утврдените наставни планови според кои се водат државните училишта. Хоризонт ќе го покрива целиот наставен материјал, а децата конечно ќе учат со помош на мултимедијални содржини и интерактивни веб функционалности.

Комплетни наставни содржини - Хоризонт

Наскоро: Проекти Направи Сам

Понекогаш е време децата да ги остават екраните и да почнат да работат со своите раце, творејќи низ најразлични проекти. Само така ќе развијат вистинска љубов кон техничките науки, ќе стекнат бројни STEM вештини и ќе ја подобрат креативноста. Учиме да правиме змеј летало, разни форми на оригами, и секакви хартиени авиончиња за незаборавна забава на отворено.

Направи сам - Хоризонт

Наскоро: Родителски надзор и ограничувања на содржини

Вие знаете што е најдобро за Вашето дете. Преку оваа функционалност ќе имате увид во времето минато на платформата, и ќе можете да поставите бројни ограничувања. Сакате игрите да се дозволени само преку викенд? Дневниот престој на платформата да биде ограничен на еден час? Нема проблем – поставете ги правилата, лесно и едноставно!

Родителски надзор и ограничувања на содржини - Хоризонт

Достапна на секој уред

Десктоп, лаптоп, смарт телевизор, таблет или пак смартфон – платформата Хоризонт е достапна на секој уред и во секое време!

Можност да се откаже во секое време!

Лесно и едноставно откажување на претплатата, со само еден клик. Доколку од било која причина се одлучите да се разделиме, тоа е крајот на дружбата. Без никакви обврски!

Плати еднаш, без никакви скриени трошоци

Без разлика дали ќе се одлучите за месечна или пак годишна претплата, не постојат никакви останати трошоци. Сите содржини на кои и понатаму работиме, а кои ќе бидат достапни на платформата во иднина, ќе ги добиете како дел од Вашата тековна претплата, без да одвоите дополнителен денар!

Корисничка подршка

Одличен тим на професионалци кои ќе одговорат на секој технички предизвик, и ќе Ве водат до решение на било каков проблем.

Сметам дека содржините се од суштинско значење за правилен развој на мојот постар син, а особено ми се допаѓа длабочината на фиктивната галаксија Аривега, со сите приказни и ликови. Ова е најдобар начин да се пренасочи вниманието од сурфање по видео платформи, кон нешто навистина продуктивно и корисно.

Рецензија за Хоризонт - Борис П.

Борис П.

Како одделенски наставник навистина сум пријатно изненадена од обемот и квалитетот на содржините. Ваквиот иновативен пристап е несомнено потребен. Сметам дека времето пред екраните ќе добие поинаква димензија, а децата ќе стекнат поголем степен на автономија додека учат и се забавуваат.

Рецензија за Хоризонт - Ирена Г.

Цветанка С.

Задоволството да се истражува платформата беше навистина огромно. Како родител на 6 годишно радознало момче, сметам дека содржината нуди многу интересни активности, соодветни за негова возраст. Мене посебно ми се допадна што има можност за ментално и физичко јакнење на детската индивидуа, а син ми особено се израдува на игрите. Препорачувам да ја пробате.

Рецензија за Хоризонт - Ирена Г.

Ирена Г.

Опциите и содржините се стварно супер. Изгледа доста добро средено, со многу труд и сериозен пристап. Реткост е да видам нешто на интернетов за деца, а да биде без реклами. Ќерка ми го прифати од прва, и минуваме квалитетно време заедно, иако реално нема потреба од надзор.

Рецензија за Хоризонт - Никола М.

Никола М.

Хоризонт содржини Хоризонт содржини
Месечна претплата
260 денари
180 денари
месечно
  • Неограничен пристап до сите содржини на платформата
  • Корисничка подршка
  • 5 дигитални карти неделно
  • Вклучен пристап до сите нови содржини
  • Можност да се откаже претплатата во секое време
    По откажувањето, вашето дете ќе продолжи да има пристап до сите содржини, се до истекот на месецот за кој веќе сте платиле. Откажувањето може да се направи во секое време 24/7, без никакви пенали, директно преку самата платформа или мејл.
Зачлени се ➔
Годишна претплата
2340 денари
1620 денари
еднаш годишно
  • Сите придобивки од месечната претплата
  • Вклучени три месеци гратис
  • Гаранција за враќање на парите во рок од триесет дена
    За да ја искористите оваа опција потребно е да ја откажете претплатата пред истекот на 30-иот ден. Истата важи само за годишниот претплатнички пакет.
Зачлени се ➔
Следи нè на Facebook

ДИСКАВЕРИНГ ДИГИТАЛ ДОО – Скопје. Copyright © 2022 Хоризонт. Матичен број на правно лице: 7133308; Даночен број на правно лице: 4082016517330;